You are currently viewing Newsletter #3 – MK

Newsletter #3 – MK

  • Post category:Newsletter

Инфо денови во Македонија и Италија

Проектот YKSE стигна до важна пресвртница. Имавме можност да ги претставиме резултатите на проектот пред пошироката јавност прво во Скопје, Македонија и потоа во Матера, Италија во два инфо денови.

Работилницата во Скопје беше организирана од Центарот за управување со знаење и беше предводена од Андријана Богдановска, директорката на центарот. На настанот присуствуваа 21 учесници. По поздравниот говор од директорката на ЦКМ и претставник од МладиХаб се одржа презентација за општите идеи на проектот, а потоа за резултатите на проектот подетално. Беа презентирани и дискутирани со учесниците IO1 – Методолошки водич и алатки за општествено креативни претпријатија за младински работници и IO2 – Едукативна програма со практичен водич и програма за модуларно учење за младински работници.

За време на паузата за ручек, учесниците имаа можност да разговараат и да го споделат своето искуство. По секоја презентација имаше активности од соодветниот проектен резултат и тие беа спроведени од помладите истражувачи од Центарот за упраување со знаење, Благица Поповска и Стефанија Стефаноска. Исто така, настанот беше претставен како дел од Деновите на Еразмус. Во текот на настанот учесниците ги даваа своите мислења за темата на проектот и беа многу заинтересирани да поставуваат прашања. Генерално, нашите учесници споделија дека имале взаемна корист и пријатно искуство. Тие беа кохезивни и ефективни во однос на заедничката работа во групата за време на вежбата. Целите на настанот беа успешно исполнети.

Еве како учесниците го опишаа своето искуство: „Најмногу ме импресионираше вклученоста на младите во вежбите, како и можноста за споделување идеите што ги имаат младите.“; „Дефинитивно, најголем впечаток ми оставија практичните вежби преку кои до мене лично допре коренот на темата.“; „Најмногу ми се допадна комуникацијата помеѓу модераторот и публиката.“; „Најмногу научив од интерактивните вежби. Одлична можност за вмрежување. Одличен баланс на дискусија, предавање и практични активности.“

Во Италија, Инфо денот, организиран со поддршка на гимназијата Лоперфидо, во Матера беше вклучен во поширокиот настан на Деновите на Еразмус за да се дискутираат, споделат и презентираат иницијативи кои имаат за цел да ги стимулираат младите луѓе, младинските работници, учениците, едукаторите, наставниците, обучувачите, како и разни локални чинители за да генерираат локални иновации во рамките на општественото и креативното претприемништво.

По претставувањето на проектот YKSE, г-дин Луиџи Мартули (претседател на Materahub) ги презентираше целите на проектот, методологијата и едукативната програма за обука (IO1 и IO2) и беше спроведена работилница. Благодарение на квалитетните проектни резултати развиени од партнерството и севкупната интересна тема и цели на проектот YKSE, сите учесници беа поделени во две групи за заеднички активности од IO1 и IO2 како практична демонстрација како младите луѓе можат да стекнат клучни компетенции за пристап до полето на општествено креативно претприемништво и поттикнување на меѓукултурна размена на експертиза. Релевантните исходи потоа беа споделени и дискутирани за да се резимираат резултатите од учењето, мислењата и повратните информации кои беа собрани преку релевантните евалуациони форми за настанот во целост.

Резултатите беа задоволувачки бидејќи учениците и вклучените младински работници изјавија дека целите на проектот и презентираната содржина се навистина интересни, корисни за разјаснување на нивните професионални цели и обезбедуваат нови перспективи за нивните кариери, сегашни и идни студии. Тие изјавија дека работилницата беше многу важна бидејќи имаа можност да го применат во пракса стекнатото знаење и можност да ги споделат своите впечатоци за темите презентирани со наставниците, локалните чинители и креаторите на политиките за време на дебатата, тие ги проширија нивните перцепции за локалните можности за кариера во рамките на општествените и креативните претпријатија.

Антрополис ќе организира сличен настан на 8 декември во Будимпешта, во Клубот Кошут за наставници, млади учесници и младински работници.

Leave a Reply